SportM
Фудбал

Димарко: Дербито е нешто специјално, 20 дена пред првенството ни помага да ја тестираме состојбата

SPORTM.mk4 авг 2026
Димарко: Дербито е нешто специјално, 20 дена пред првенството ни помага да ја тестираме состојбата

Во Австралија ќе се одржи првото дерби на сезоната помеѓу Интер и Милан, со шампионите на Италија кои ќе се соочат со „братучедите“ црвено-црни, водени од новиот тренер Аморим. Федерико Димарко го оцени натпреварот како специјален, иако е летно дерби: „Да се игра против Милан секогаш е убаво чувство, знаеме што претставува оваа средба.

Најважното е што доаѓа помалку од 20 дена пред почетокот на првенството. Овој натпревар и оној со Јувентус ќе ни помогнат да ја подобриме состојбата пред стартот на сезоната. Дербито секогаш има различен вкус. Чувството на припадност беше една од основите на нашата група и ни помогна да освоиме многу трофеи“.

За целите на Интер додаде: „Никогаш не сме се криеле во Италија. Сме Интер и знаеме дека можеме да се бориме за секоја цел. Минатата година испаднавме многу брзо од Лигата на шампионите, против противник кој на хартија беше поинферирен, но на теренот покажа дека е посилен од нас. Целта е јасна; да се повториме во Италија и да настапиме добро во Лигата на шампионите“.

На крај, Димарко изрази сочувство за Франко Барези: „Легенда, личност која создаде историја во фудбалот, ценета од навивачите на Милан и на сите други тимови“.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.