SportM
Фудбал

Доби црвен картон во 2023-та година, казната ќе ја „плаќа“ во 2026-та!

Редакција20 авг 2026
Доби црвен картон во 2023-та година, казната ќе ја „плаќа“ во 2026-та!

Искусниот играч за врска на Селтик ќе го плати цехот за исклучувањето што го заработи уште на 14 декември 2023 година, кога го носеше дресот на Бешикташ. Во финишот на натпреварот против Лугано, во последниот меч од групната фаза на УЕФА Конференциската лига, Англичанецот заработи директен црвен картон. Бешикташ тогаш славеше со 2:0, но европскиот проблем за Алекс Окслејд-Чемберлен тогаш започна.

Казната од три натпревари остана неиздржана. Бешикташ ја заврши европската сезона, а Окслејд-Чемберлен потоа немаше можност да ја одлежи суспензијата во европските натпреварувања со турскиот клуб. Притоа, од август 2025 до февруари оваа година тој беше без ангажман. Кога го промени клубот, казната не исчезна, туку само ја чекаше следната можност.

Триесетитригодишниот Англичанец на почетокот на февруари оваа година стана член на великанот од Глазгов, но веќе оваа есен нема да има можност да му помогне на својот тим во плеј-офот за УЕФА Лигата на шампионите против австриски ЛАСК, како и во првиот натпревар од лигашката фаза на натпреварувањето во елитниот ранг или во Лигата на Европа, во зависност од тоа во кое натпреварување ќе се најде „Келтите“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.