Connect with us

Фудбал

Добиваа 300.000 евра, поставија цена од 1,5 милиони, но Вардар останува без најдобриот за нула евра

Роџерс Мато потпишал преддоговор со Хартс, објави шкотскиот тим на социјалните мрежи. Како што пишуваат тие, 22-годишниот фудбалер се согласил на тригодишен договор. Мато во Хартс треба да се пресели во јуни, како слободен играч, кога му завршува договорот со Вардар. Тој влезе во последните шест месеци од договорот, па може да преговара со друг клуб без дозвола од Вардар. Како што е познато, Хартс нудеше 300.000 евра да го купи веднаш, Вардар не се согласи и постави клаузула од 1,5 милиони. Дали “црвено-црните” ќе преземат нешто, или сепак на лето ќе останат без Мато и без пари, останува да се види.