SportM
Фудбал

Добиваше смртни закани, но Ди Марија го исполни ветувањето дадено пред 18 години!

E R30 мај 2025
Добиваше смртни закани, но Ди Марија го исполни ветувањето дадено пред 18 години!

Фото: tv21m

Познатиот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија (37) го исполни ветувањето дадено пред 18 години и се врати во својот роден клуб во Аргентина. Ди Марија е роден во Росарио и беше член на Росарио Централ од четиригодишна возраст. Своето деби за нив го имаше на 17 години, а две години подоцна го напушти клубот и се пресели во Бенфика.

Во 2007 година, тој даде ветување дека ќе се врати во клубот за да ја заврши кариерата, а сега конечно го стори тоа. По Бенфика, Ди Марија играше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и повторно за Бенфика. Требаше да се врати во Росарио пред десет месеци, но доби смртни закани.

„Во кафулето на сестра ми донесоа кутија со свинска глава со куршум во челото, со порака дека ако се вратам во Росарио Централ, следната глава ќе биде од мојата ќерка Пи“, рече Ди Марија минатото лето.

 Сепак, тоа не го обесхрабри, и вчера беше официјално претставен како нов играч на Росарио. За време на својата кариера, Ди Марија ги освои шампионатите на Шпанија, Франција и Португалија, како и Лигата на шампионите. Одигра 145 натпревари за аргентинската репрезентација, постигнувајќи 31 гол и освојувајќи го Светското првенство и две Копа Америка.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.