Додека го чекаат во српската репрезентација: Јокиќ танцува на познат хит во кафеана
Редакција12 јун 2024

Србија пред неколку дена беше воодушевена од големата одлука на Никола Јокиќ да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Париз летово. Додека се чека најдобриот светски кошаркар да и се приклучи на српската репрезентација, што поради правилата на НБА нема да може да се случи веднаш на почетокот на собирот, Јокиќ се уште „лумпува“ на одмор.
Неодамна Јокиќ престојуваше во Босна и Херцеговина каде уживаше во убавината на Тара, а сега е снимен во ноќен провод. На Инстаграм е објавено видео од Јокиќ како танцува на познатиот хит на Здравко Чолиќ „Мјеркам те, мјеркам“, со што ја воодушеви публиката.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



