SportM
Други

Доделен е првиот медал на Олимписките игри во Париз

Редакција27 јул 2024
Доделен е првиот медал на Олимписките игри во Париз

Беше доделен првиот медал на Олимписките игри во Париз , а честа да го прослави ја имаше репрезентацијата на Казахстан во стрелаштво.

Тие го освоија третото место, односно бронзениот медал во екипна конкуренција со воздушна пушка на растојание од десет метри.

Тоа е првиот олимписки медал во стрелаштво за Казахстан од 1996 година.

Така тој ќе влезе во историјата на овие игри како прв освојувач на медал, а речиси сигурно е дека нема да биде единствениот. Казахстанците секогаш имаат надеж во неколку спортови, како бокс, борење и џудо, а би можеле да стигнат до подиумот и во некои други спортови.

https://x.com/Olympics/status/1817125122928464261/history

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.