SportM
Фудбал

Договорен е натпреварот кој ќе го отвори Светското првенство во Катар?

Ј П17 ное 2022
Договорен е натпреварот кој ќе го отвори Светското првенство во Катар?

Огромен скандал ќе избие во светот на фудбалот доколку се потврди дека е договорен настапот на Светското првенство во Катар меѓу домаќинот и Еквадор. Ваква информација објави Амџад Таха, новинар популарен во арапскиот свет.

Според него, Катарците поткупиле дури осум државјани на Еквадор со неверојатни 7,4 милиони долари. Информацијата ја потврдија пет извори од Катар и еден од Еквадор.

Доколку ова се покаже како точно, Катар ќе победи со 1-0, а голот ќе дојде во вториот дел од натпреварот. Воведниот натпревар на Светското првенство е во недела (20 ноември) од 17 часот македонско време.

https://twitter.com/amjadt25/status/1593271354803032064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1593271354803032064%7Ctwgr%5E682880793b1ee6fce7376b10cea8aecd26169dbe%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fdsport.bg%2Fworld-cup-2022%2Fureden-li-e-otkrivastiat-mach-na-mondiala-v-katar100617.html

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.