Connect with us

Кошарка

Дончиќ и Ирвинг направија креираа пресврт на Далас во серијата против Оклахома (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг направија пресврт за Далас во серијата против Оклахома, а сега Маверикс имаат предност од 2-1. Далас синоќа победи на домашен терен со резултат 105:101 и поведе во полуфиналето од плејофот на Западната конференција. Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, 15 скока и 5 асистенции, а Ирвинг со 22 поени, 5 скока и 7 асистенции. Интересно, тие не беа најдобри стрелци на Далас бидејќи П.Ј. Вашингтон постигна 27 поени.

Синоќа на Истокот се одигра полуфиналниот натпревар во кој Бостон победи на гостувањето кај Кливленд со 106:93 и поведе со 2-1.

Бостон до победата го предводеше Џејсон Тејтум со 33 поени, 13 скока и 6 асистенции, а Џејлен Браун додаде 28 поени со 9 скока. На другата страна, Донован Мичел го заврши мечот со 33 поени и 6 скока.

Advertisement