Кошарка
Доничиќ го шокираше Далас и се пресели во ЛА Лејкерс, еве ги првите фотографии

Вчера Лука Дончиќ го замени дресот на Далас за Лос Анџелес Лејкерс во еден од најголемите трејдови во последните години во НБА. Во исто време во другата насока тргна Ентони Дејвис, а во трејдот учествуваа и Јута Џез. Дончиќ утрово пристигна во Лос Анџелес, а неговиот пречек на аеродромот беше проследен со посебно внимание од медиумите. Ова го означи почетокот на новото поглавје во неговиот живот и НБА кариерата.
That man is not 270, we need to know the real reason why Luka Doncic got traded https://t.co/iMdkVAiHdg
— Ahmed/The Ears/IG: BigBizTheGod 🇸🇴 (@big_business_) February 3, 2025
Но, фотографиите фрлаат сомнеж за една од причините зошто Далас наводно го пуштил да си оди. Како што вчера објави ESPN, една од причините за пуштање на Дончиќ во Лос Анџелес е тоа што Далас бил незадоволен од неговата тежина. Наводно, Дончиќ при повредата се здебелил дури 122 килограми.
Сепак, иако фотографиите не можат да ја откријат точната состојба, евидентно е дека Дончиќ во Лејкерси не пристигнува со поголема тежина од онаа на која сме навикнати. На социјалните мрежи веќе почнаа да кружат пораки од навивачите на Далас кои велат дека биле „измамени од клубот“ и дека Дончиќ во врвна физичка кондиција наскоро ќе заигра за Лејкерси.