SportM
Фудбал

Дортмунд со минимална победа на врвот. Изненадувањето на сезоната се вика Фрајбург. Груда постигна гол против Лајпциг

SPORTM.mk21 ное 2026
Дортмунд со минимална победа на врвот. Изненадувањето на сезоната се вика Фрајбург. Груда постигна гол против Лајпциг

По вчерашното реми 1-1 на Баерн против Келн, Борусија Дортмунд ја заврши задачата со победа од 0-1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, последнопласираниот тим на табелата.

Жолто-црните се измачија за трите бодови во оваа средба. Резултатот беше отворен во 80-тата минута кога Феликс Нмеча постигна фантастичен гол со десната нога на границата на шеснаесетникот, кој по отклонување заврши во мрежата. По оваа победа, Дортмунд води на табелата со 24 бодови, два повеќе од Баерн.

Изненадување на оваа сезона во Бундеслигата може да се нарече Фрајбург. Клубот предводен од Јулијан Шустрер победи 0-1 на гостувањето кај Елверсберг и е на третото место на табелата со 22 бодови.

Лајпциг ја оствари четвртата по ред победа во шампионатот, победувајќи со 1-5 на гостувањето кај Унион Берлин. Головите ги постигнаа Антонио Нуса од белата точка, Ромуло, Брајан Груда, Роко Рајц и Ридле Баку. Лајпциг е на четвртото место на табелата.

Леверкузен победи дома со 4-0 против Падерборн и е рангиран на петтото место. Головите за „Аспирините“ ги постигнаа Алфонсо Мореира (два гола), Патрик Шик и Еки Фернандез. Во последниот натпревар, Ајнтрахт Франкфурт победи со 1-0 дома против Хофенхајм.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГОЛОВИТЕ

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.