Connect with us

Фудбал

Доверливи документи кои ги прават солзите на Меси безвредни: Го побара од Барселона невозможното

Лионел Меси го напушти тимот на Барселона во летото 2021 година откако го помина речиси целиот свој живот во овој клуб.

 

Меси и Барселона не постигнаа договор за продолжување на соработката и Меси потпиша за францускиот ПСЖ како слободен играч во август 2021 година.

 

Аргентинецот во солзи го напушти Камп Ноу. Плачеше тврдејќи дека направил се за да остане во клубот.

Сепак, Меси и неговиот татко Хорхе бараа премногу од каталонскиот гигант една година претходно. Немаше љубов таму.

 

„Ел Мундо“ објави доверливи документи и мејлови разменети меѓу Хорхе Меси и претставници на Барселона. Тие објавија список со барања од Лионел Меси и неговото семејство да останат во клубот.

 

„Мечевите нека им висат над главите“, се наводните зборови на Хорхе Меси кои ги напишал во мејл до својот адвокат преку кој побарале нов тригодишен договор со бројни неверојатни услови.

Од обичните работи, побарана е приватна ложа на „Камп Ноу“ за семејството Меси, како и за семејството на Луис Суарез, со кого е голем пријател и авион за целото семејство за патување во Аргентина за време на божиќните празници.

 

Тој побара и бонус од 10 милиони евра само за потпис и гаранција дека сите пари од кои се откажува за доброто на клубот во тешките денови ќе му бидат исплатени со три отсто камата на сите пари. Неговата плата како и досега требаше да изнесува 74,9 евра нето годишно.

 

Исто така, тој побара да му биде дозволено да го напушти клубот кога ќе посака и за симболична сума од 10.000 евра. Оттука би била укината клаузулата од 700 милиони евра за заминување.

 

Преговорите за нов договор меѓу Меси и Барселона започнаа во 2020 година. Тие беа водени доста долго, изби познатата афера бурофакс кога тој побара да го напушти клубот една година пред истекот на договорот вреден нешто повеќе од 555 милиони евра потпишан во 2017 година.

Меси тогаш остана во клубот, но и една година подоцна клубот не можеше да му ги исполни желбите и тој реши да си замине и сега е член на ПСЖ.

 

Лионел Меси одигра 778 натпревари и постигна 672 гола во дресот на каталонскиот гигант, а во овој клуб стана еден од најдобрите играчи на сите времиња.