SportM
Фудбал

Драма во Шпанија, голман тешко повреден, изнесен на носилки, а потоа директно во болница на операција (ВИДЕО)

E R1 апр 2025
Драма во Шпанија, голман тешко повреден, изнесен на носилки, а потоа директно во болница на операција (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Селта и Лас Палмас го одиграа својот натпревар синоќа во шпанското фудбалско првенство, а се беше проследено со голема драма по дуелот помеѓу напаѓачот на Селта, Борха Иглесијас и голманот на Лас Палмас, Јаспер Силесен. Двајцата се судрија во 27. минута, а во таа прилика Иглесијас со колено го удри Силесен во стомакот, на кој долго време му се укажуваше лекарска помош.

Потоа на носилки го напуштил теренот, и веднаш бил пренесен директно во болница каде му била констатирана повреда на цревата. Новинарот Хосеп Педрерол од програмата „Ел Чирингито“ објави дека Силесен синоќа во Виго итно бил опериран поради пробиено црево. Исто така, како што објави новинарот Исак Футо, кој го следеше натпреварот за Movistar LaLiga на радио COPE во емисијата El Partidaso, голманот на Лас Палмас почнал да повраќа по сударот, пред да биде пренесен во болница.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.