„Држете го на око“, Компани е „опседнат“ со ѕвездата на Борусија Дортмунд
SPORTM.mk26 авг 2026

Константинос Каретсас имаше многу достоинственo деби за Борусија Дортмунд во финалето на Суперкупот на Германија против Баерн Минхен. Неговите дриблинзи, игра и додавања паднаа во очите на сите, а особено на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани.
Според BILD, Компани е многу импресиониран од способностите на 18-годишниот играч на теренот. Белгискиот тренер побара на раководството на клубот да го држат под набљудување младата ѕвезда, оставајќи впечаток дека е можен негов трансфер кај баварците во блиска иднина.
Да потсетиме, Каретсас ова лето направи трансфер од Генк во Дортмунд за 30 милиони евра и доколку продолжи со добри настапи, сигурно е дека неговата вредност ќе се дуплира или триплира многу брзо.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



