Двајца босански фудбалери потпишаа за Силекс
Редакција24 јун 2026

Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, ги засили денеска своите редови со босанските напаѓачи Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ. Дваесетиседумгодишниот Шеро настапува на крилните позиции во нападот, а во редовите на прволигашот од Кратово доаѓа Челик Зеница. Неговиот сонародник, 24-годишниот централен напаѓач Хасукиќ во Силекс доаѓа од ГОШК Габела.
Двајцата фудбалери веќе се приклучија на тимот и ги одработуваат подготовките во Охрид, соопшти попладнево Силекс. Силекс ќе ја отвори новата сезона со настап во 1 квалификациско коло во Конференциската лига во која за противник ќе го има белорускиот клуб Динамо Минск. Првиот натпревар ќе се игра на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора на 9 јули, а реваншот е по една недела во Скопје.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



