SportM
Фудбал

Еден, ама вреден, Арсенал славеше против Астон Вила (ВИДЕО)

SPORTM.mk1 сеп 2026
Еден, ама вреден, Арсенал славеше против Астон Вила (ВИДЕО)

Арсенал ја обезбеди втората последователна победа во Премиер лигата, по победата од 0-1 на гости против Астон Вила. Единствената опасна шанса во првото полувреме беше во 12-тата минута, кога Емилијано Буендја ја погоди пречката. Првото полувреме заврши 0-0.

Во 55-тата минута, имаше контакт во шеснаесетникот помеѓу Ијан Маатсен и Букајо Сака. Лондончани бараа пенал, но судијата ги прегледа снимките со ВАР и го продолжи натпреварот регуларно.

Во 59-тата минута, натпреварот беше отклучен. Брза акција на Арсенал, Рикардо Калафјори асистира, Сака постигнува гол. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Резултатот не се менува до крај, натпреварот завршува 0-1 за лондончаните. Арсенал сега има 6 целосни поени по две недели, Астон Вила со Унаи Емери ќе мора уште да чека за да ги освои првите поени во оваа нова сезона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.