SportM
Фудбал

Еден во Италија и друг во Арабија, Арсенал ги отпушта двајцата напаѓачи кои се вишок

SPORTM.mk25 авг 2026
Еден во Италија и друг во Арабија, Арсенал ги отпушта двајцата напаѓачи кои се вишок

Тимот на Арсенал започна со работа на отстранување на вишокот играчи и изгледа дека нападот е секторот каде има изобилство. Барем во моментот. Во очекување „топчиите“ да го донесат на „Емирати“ Хулијан Алварез, двајца играчи се со куферите спремни.

Арапскиот тим Ал Хилал започна официјални контакти со Арсенал за Габриел Мартинели. Бразилското крило е отворено за можноста за трансфер во Саудиската професионална лига. Сепак, тој има и други алтернативи и се очекува набрзо да донесе одлука.

Другото име е Габриел Жезус, кој се чини дека е многу барана цел во Серија А. Тој е на мета на Наполи, кој сака да го комплетира нападот со искусен играч. Се очекува Наполи да ослободи играч пред да го донесе бразилскиот напаѓач.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.