Елиф Елмас на чекор до враќање во Италија – Фиорентина е новата дестинација?
Ј П26 дек 2024

Фото: tv21m
Зимава ќе ја означи крајот на епизодата на Елиф Елмас во германскиот клуб Ред Бул Лајпциг. Иако беше доведен како големо засилување и се очекуваше да игра клучна улога, Елмас не успеа да се наметне и сега е на пат да го напушти тимот.
Според информации на Спортспорт, Елмас е пред враќање во Италија – земјата каде што ја достигна својата најголема фудбалска афирмација. Сепак, овојпат неговата нова дестинација нема да биде Наполи.
Напротив, според нашите извори, македонскиот репрезентативец ќе се пресели во Фиорентина. Останува да се види под кои услови ќе биде реализиран трансферот – дали ќе биде позајмица или Ред Бул Лајпциг ќе одлучи да го продаде играчот целосно.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



