SportM
Фудбал

Елиф Елмас во Јувентус-Дали раководството ќе ја исполни желбата на тренерот?!

Редакција17 јун 2026
Елиф Елмас во Јувентус-Дали раководството ќе ја исполни желбата на тренерот?!

Еден од поугледните спортски новинари Џанлука ди Марцио тврди дека, тренерот на Јувентус, Лучиано Спалети побарал од раководството на тимот да му се донесе Елиф Елмас како засилување во новата сезона. Според истиот новинар, Елмас е миленик на Спалети, уште од времето кога заедно беа дел од Наполи и кога ја освоија историската титула по 30 години пауза, во сезната 2022/2023.

Елмас е фудбалер на Лајпциг, кој во изминатата сезона настапуваше како позајмен во Наполи. Како што е познато, тимот од Неапол не сака да ја плати сумата поставена од германскиот тим за откуп, која изнесува 17 милиони евра. Џанлука ди Марцио пишува дека постои можност Јувентус да влезе во преговори со Лајпциг околу цената за македонскиот репрезентативец.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.