Елмас, Омерагиќ и Трстена станаа почесни граѓани на Бутел
Редакција11 јун 2025

Фото: tv21m
По повод 20 години општина Бутел, синоќа во просториите на Македонската филхармонија се одржа свеченост, на која беа доделени посебни благодарници и пофалници. На предлог на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, а со одлука на Советот на Општина Бутелна овој свечен настан градоначалникот додели плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници кои несомнено допринесоа за општина Бутел. Меѓу нив се најдоа спортистите Елиф Елмас (репрезентативец), Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ) и Шабан Трстена (борач) освојувач на олимписки медал за Македонија.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



