SportM
Фудбал

Елмас за Швајцарија: Играме против моќна репрезентација, но ние сме подготвени!

Редакција25 сеп 2026
Елмас за Швајцарија: Играме против моќна репрезентација, но ние сме подготвени!

Еден од лидерите на репрезентацијата, Елиф Елмас, на мечот против Швајцарија очекува исклучително тежок предизвик, но верува во квалитетот и подготвеноста на Македонија.

-Очекувам тежок натпревар. Играме против моќна репрезентација и четвртфиналист на Мундијалот, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен резултат. Чест ни е што младите се со нас, ги прифаќаме најдобро што можеме. За секој фудбалер е чест да го носи дресот на репрезентацијата“, истакна Елмас.

Швајцарија во Скопје пристигнува по настапот на Светското првенство во 2026 година, на кое стигна до четвртфиналето. Тимот предводен од Мурат Јакин располага со голем број квалитетни и искусни фудбалери и покрај неколкуте отсуства во составот.

За македонската репрезентација, сепак, фокусот е јасен, силен почеток на новиот циклус, со максимален ангажман на теренот и поддршка од трибините.

Македонија – Швајцарија, сабота, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.