SportM
Фудбал

Емотивна порака на Енис Барди: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати! Ова не е крајот на нашата приказна!

Редакција9 окт 2026
Емотивна порака на Енис Барди: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати! Ова не е крајот на нашата приказна!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди на социјалните мрежи испрати емотивна порака по катастрофалниот циклус на натпревари во Лигата на нации, четири порази, без ниту еден постигнат гол. Тој вели дека изминатиот период биле тешки денови, кои мора да се надминат и да се вратат посилни.

-Разочарувањето боли. Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. Ќе се вратиме, мораме да се вратиме. Главата горе, ова не е крајот на нашата приказна, порача капитенот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.