Енис Барди и официјално има нов клуб! (ФОТО)
E R24 јан 2025

Фото: tv21m
Енис Барди и официјално има нов клуб. Останува во Турција, барем до крајот на сезоната. Турскиот тим Бодрумспор објави дека постигнале договор, кој е со важност за следните шест месеци односно до крајот на сезоната. Инаку, Барди пред неколку дена го раскина договорот со Трабзонспор и како слободен играч можеше да се пресели во друг клуб. Од Шпанија имаше информации дека за неговите услуги биле заинтересирани Еспањол и Рајо Валјекано, но очигледно нашиот репрезентативец одлучил да остане во Турција.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



