Енрике: Против Сити тежок меч, ќе играат два тима што сакаат да ја освојат Лигата на шампионите

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, вели дека Манчестер Сити ги заслужи освоените трофеи и треба да им се дозволи да ги задржат, и покрај тоа што англискиот клуб се соочува со санкции откако беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата.
Во пресрет на натпреварот кој двата тима ќе го играат денеска на „Етихад“, шпанскиот тренер изјави: „Има одговорни органи за донесувањето на таа одлука. Ако зборувам само за фудбалот и работите што ги видов на теренот, Манчестер Сити ги заслужува тие трофеи“.
„Предизвикот против нив денес е без сомнение еден од најдобрите натпревари што можеш да ги играш. Знаеме дека за секој противник, да се игра против актуелните шампиони е голем настан. Мислам дека е еден од најдобрите натпревари што можеш да го гледаш“, рече Енрике.
Понатаму, тој додаде: „Ми се допаѓа начинот на кој играат фудбал, на теренот ќе бидат две екипи што играат за да го освојат овој трофеј. Ова е интересен натпревар во оваа фаза од турнирот, забавен за следење“.



