SportM
Фудбал

Енцо Фернандез кон Сити, Алонсо подготвен да го замени Аргентинецот со ѕвезда од 90 милиони евра

SPORTM.mk19 авг 2026
Енцо Фернандез кон Сити, Алонсо подготвен да го замени Аргентинецот со ѕвезда од 90 милиони евра

По заминувањето на Родри во Барселона, Манчестер Сити прави се што е можно за да најде идеална замена за шпанскиот играч од средниот ред.

„Граѓаните“ нема да се задоволат само со трансферот на Ајуб Буади, кој повеќе се смета за ѕвезда на иднината, туку веќе имаат на мета испробан полузаштитник како Енцо Фернандез.

Од друга страна, Челзи дал на знаење дека Аргентинецот може да замине само за понуда од 140 милиони евра. Според Caught Offside, во случај на заминување на Енцо Фернандез, тренерот на „Сините“, Чаби Алонсо, го има избрано Алекс Скот како соодветно засилување за средниот ред.

Челзи имаше постојан интерес за 22-годишниот ова лето. Но интересот ќе стане уште поинтензивен во случај на заминување на Енцо Фернандез. Борнмут бара 90 милиони евра за да го ослободи англискиот средишен играч.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.