SportM
Фудбал

Енцо Мареска: Фил Фоден се препороди по тешките две сезони, Сити е негов дом

SPORTM.mk3 сеп 2026
Енцо Мареска: Фил Фоден се препороди по тешките две сезони, Сити е негов дом

Енцо Мареска се надева дека Фил Фоден ќе ја пронајде својата искра оваа сезона, откако имаше две тешки сезони во Манчестер Сити. Проблемите на 26-годишникот со Сити влијаеја на неговото исклучување од репрезентацијата на Светското првенство 2026.

Новиот тренер на Сити е охрабрен од забележлива промена во расположението на Фоден откако го презеде тимот на стадионот Етихад и му даде стартерска позиција во досегашните натпревари.

Мислам дека Фил играше добро досега, тој беше остар и добар од првиот ден. Изгледа многу, многу добро и луѓето во клубот велат дека, во споредба со една или две години наназад, Фил е сосема различен играч во однос на расположението, во однос на тоа што го покажува на тренинзите. Тоа е она што го сакаме”, рече Мареска.

Фил игра тука од академијата. Ова е неговиот дом, па е добро што сите го гледаат како станува се подобар и подобар. Тука има конкуренција и ако сакаме да градиме важен тим тоа ни е потребно”, рече Италијанецот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.