Еве кога се затвора летниот преоден рок во главните европски лиги, кој има уште малку време за засилувања?!

Во некои од елитните шампионати, денес е последниот ден од летниот преоден рок. Како и секогаш, последните часови се многу интензивни. RMC Sport ја открива датата и времето кога завршува преодниот рок во некои од главните лиги.
Франција: вторник, 1 септември во 19:59
Германија и Италија: вторник, 1 септември во 20:00
Англија: вторник, 1 септември во 23:00
Шпанија: вторник, 1 септември во 23:59
Холандија: вторник, 1 септември во 23:59
Белгија и Аргентина: четврток, 3 септември
Турција и Португалија: петок, 4 септември во 23:59
Саудиска Арабија: недела, 6 септември
Швајцарија: вторник, 8 септември
Русија: четврток, 10 септември
Бразил: петок, 11 септември
Затворањето на преодниот рок ги спречува клубовите да потпишат нови играчи, но не ги спречува да продаваат. Затоа, италијанските, германските, француските, англиските и шпанските екипи можат да дозволат продажба на свои играчи во шампионатите каде преодниот рок завршува подоцна, како Турција, Русија, Бразил итн.



