SportM
Фудбал

Еве против кого ќе игра Шкендија, ако го елиминира Хибернијан!

Редакција3 авг 2026
Еве против кого ќе игра Шкендија, ако го елиминира Хибернијан!

Доколку ја минат третата квалификациска пречка, фудбалерите на Шкендија за противник во плејофот во УЕФА Конференциската лига ќе го имаат победникот од пресметката меѓу шведски Гетеборг и белгиски Гент, одлучи денешната жрепка во Нион.

Шкендија првиот натпревар би го одиграла на гостински терен на 20 август, пред потенцијалниот реванш една недела подоцна во Скопје.

Македонскиот вицешампион во воведните две кола во Конференциската лига ги елиминираше Европа од Гибралтар (5-0, 1-0) и словенечки Браво (3-1, 1-2), а во 3. квалификациско коло ќе игра против шкотски Хибернијан..

Минатата сезона во третото по ранг европско клупско натпреварување, Шкендија настапуваше во групната фаза и стана првиот македонски клуб кој дојде до нокаут фазата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.