По полуфиналниот натпревар од ЛШ помеѓу Баерн и ПСЖ, сè уште не стивнува бурата околу судењето на португалскиот арбитер Пињеиро, а сега пристигна и објаснување за спорната пенал-ситуација.
ПСЖ со вкупни 6:5 заслужено се пласираше во финалето и закажа дуел против Арсенал, а доволни им беа 1:1 во синоќешниот реванш на Алијанц Арена по победата од 5:4 во првиот натпревар во Париз.
Но, по реваншот во Минхен, се зборува исклучиво за судењето. Судјата Пињеиро го оштети Баерн бидејќи во 27. минута не му додели чист втор жолт картон на Мендеш, но ако се гледаат официјалните фудбалски правила, сепак не биле оштетени за пенал.
Иако фудбалската јавност е шокирана од тоа правило и од причината зошто за Баерн не беше досуден пенал откако Невеш играше со рака која беше подигната во висина на главата, според правилата судијата донел правилна одлука.
„Не се смета за играње со рака доколку топката го погоди играчот во шаката или раката откако друг играч ја шутнал или ја оттурнал со глава од мала дистанца. Ова не е играње со рака доколку топката не заврши директно во противничкиот гол или играчот веднаш потоа не постигне гол. Во таков случај се досудува директен слободен удар за противничката екипа“, стои во правилникот на ИФАБ.
