SportM
Фудбал

Фаворитите конечно како што треба на СП: Норвешка, Аргентина и Австрија убедливи (ВИДЕО)

Редакција17 јун 2026
Фаворитите конечно како што треба на СП: Норвешка, Аргентина и Австрија убедливи (ВИДЕО)

За разлика од претходните неколку денови од СП, каде имаше неколку резултатски изненадувања, конечно фаворитите одиграа според очекувањата.

Селекцијата на Норвешка убедливо славеше против Ирак со 4:1. Ирачаните одиграа храбар фудбал, особено во првиот дел кога беше 2:1 за Норвешка, во кое имаа неколку добри шанси. Сепак, не издржаа до крајот со силното темпо кое и самите го наметнаа од почетокот на мечот.

Аргентина со хет-трикот на Лионел Меси стигна до убедлива победа од 3:0 во пресметката со незгодниот Алжир. Меси на овој меч со овие три голови се израмни со Мирослав Клосе на листата на најмногу постигнати голови на Светските првенства, вкупно 16.

Австрија исто така стигна до убедлива победа од 3:0 во пресметката со Јордан. Арнаутовиќ постигна два гола, додека еден беше автогол.

До крајот на денешниот ден се играат уште два меча. Во 19 часот се среќаваат Португалија-Конго, а од 22 се игра дербито Англија-Хрватска.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.