Фелипе Мело го брани Кристијано Роналдо: Врв на неблагодарноста, Португалија пред него немаше освоено ништо

Фелипе Мело застана во одбрана на Кристијано Роналдо, критикувајќи го начинот на кој последно време се третира португалската ѕвезда. Поранешниот бразилски играч на средниот ред ја поддржа и изјавата на мајката на CR7.
„Целосно се согласувам со мајката на Роналдо. Начинот на кој се третира една легенда како него е срамен, врв на неблагодарноста. Другите можат да мислат што сакаат, но ова е моето мислење. Изгледа како да заборавиле кој навистина е Кристијано“, изјави поранешниот фудбалер на Јувентус и Интер.
Мело го истакна одлучувачкиот придонес на Роналдо во историјата на португалската репрезентација: „Постоеше Португалија пред Кристијано Роналдо и друга по него. Колку трофеи освои репрезентацијата пред неговото доаѓање? Нула, ништо. Со Роналдо освоија Европско првенство и двапати Лигата на нации. Португалија конечно го доби почитувањето кое го заслужуваше на меѓународното фудбалско ниво“.
Бразилецот додаде дека, пред последното Светско првенство, ја сметал Португалија за еден од најсилните национални тимови во светот, затоа не ја разбира браната од критики кон нејзината ѕвезда: „Зборуваме за една легенда. Тој не треба да се третира на таков начин“.



