Connect with us

Фудбал

Фер-плеј за него не постои: Погледнете како Мбапе ги спречи соиграчите да направат шпалир на Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона синоќа со 3:2 го совладаа Реал Мадрид и го освоија Суперкупот на Шпанија, а свечената церемонија на доделување на медалите беше обележана со неспортско однесување на Килијан Мбапе.

По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на Барселона им направија шпалир на играчите на Реал кои заминаа да ги земат своите медали за второто место, а потоа според протоколот требаше да се вратат и да направат шпалир за фудбалерите на Барселона.

Но, играчите на Реал Мадрид не им оддадоа почит на победниците, а клучна улога во таа одлука имаше Килијан Мбапе.