SportM
Фудбал

ФФМ го казни Тиквеш со 5000 евра поради националистички скандирања на дуелот со Шкендија Арачиново

Редакција27 авг 2026
ФФМ го казни Тиквеш со 5000 евра поради националистички скандирања на дуелот со Шкендија Арачиново

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за дисциплинските прекршоци направени на натпреварите од домашните фудбалски натпреварувања.

ГФК Тиквеш 1930 е казнет со парична казна од 5.000 евра поради националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот ГФК Тиквеш 1930 – ФК Шкендија Арачиново 77;

ФК Струга Трим Лум АД е казнет со парична казна од 2.000 евра поради слаба организација на натпреварот, односно необезбедување паркинг простор за гостинската екипа и несоодветно обележување на линиите на теренот за игра;

Фудбалерот на ФК Беласица, Димитриј Димитриевски, е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Фудбалерот на ФК АП Брера Струмица, Зоран Ивановски, исто така е казнет со забрана на настап на еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон;

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.