SportM
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА

Редакција19 авг 2026
ФФМ ја повлече поддршката за Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.

За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување.

Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации.

ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место.

Како членка на УЕФА, ФФМ останува цврсто посветена на заедничките принципи и вредности на европскиот фудбал и ќе продолжи да стои заедно со сите национални федерации кои се залагаат за заштита, развој и унапредување на фудбалот.

Остануваме посветени на соработката со сите свои меѓународни партнери, со единствена цел, заштита и унапредување на интересите на фудбалот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.