SportM
Фудбал

ФФМ со казна за Вардар, пари плус забрана за публика!

Редакција10 сеп 2026
ФФМ со казна за Вардар, пари плус забрана за публика!

Дисциплинската комисија ги разгледа пријавите и извештаите од одиграните натпревари во МФЛ и донесе повеќе одлуки за дисциплински мерки кон фудбалери, тренери и официјални лица.

На фудбалерите на ФК Башкими 1947, Габриел Тенелеп му е изречена забрана за настап на три натпревари, додека на Биљал Исени и Бесјан Алију им е изречена забрана за настап на по два натпревари.

На фудбалерот на ФК Брегалница 2008, Методи Максимов, му е изречена забрана за настап на еден натпревар.

На фудбалерот на ФК Шкендија Арачиново, Енис Фазлагиќ, му е изречена забрана за настап на два натпревари.

На тренерот на ФК Шкупи 1927, Исмаил Ферди, му е изречена забрана за вршење функција на два натпревари, додека на Иван Варадиноски му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.

На фудбалерот на ФК Македонија ЃП 1932, Омер Сулејмани, му е изречена забрана за настап на еден натпревар.

Воедно, Дисциплинската комисија поведе дисциплинска постапка против Дурим Хида, поради недолично однесување на натпреварот ФК Скопје – ФК Башкими 1947.

Дисциплинска постапка е поведена и против претставникот на ФК Башкими 1947, Ергин Шерифи, поради вербална расправија и недолично однесување со судиите на истиот натпревар.

На комет администраторот на ФК Башкими 1947, Бесим Мустафи, му е изречена забрана за вршење функција во траење од еден месец.

На фудбалерот на ФК Шкендија, Ислами Дрилон, му е изречена забрана за настап на еден натпревар.

На фудбалерот на ФК Детонит Плачковица, Рифадов Асан, му е изречена забрана за настап на два натпревари, додека на фудбалерот на ФК Влазними Јуниор, Мемедоски Бујамин, му е изречена забрана за настап на два натпревари.

Поради слаба организација, нереди и прекин на натпреварот ФК Вардар – ФК Аресими, на ФК Вардар му е изречена парична казна во висина од 3.000 евра, како и мерка забрана за присуство на публика на еден домашен натпревар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.