Фиорентина очајна, Пиоли не сака да поднесе оставка
E R3 ное 2025

Фото: tv21m
Стефано Пиоли одби да поднесе оставка од местото тренер на Фиорентина, додека шефот на тимот под 20 години и понатаму е кандидат за привремен тренер.
Да потсетиме, Фиорентина игра во очајна форма и моментално се наоѓа на 19. место, со само четири освоени поени во 10 одиграни натпревари.
Италијанските медиуми наведуваат дека Пиоли е подготвен да промени некои услови во неговиот моментален тригодишен договор со Фиорентина, но инсистира дека нема да поднесе оставка.
Како можни наследници на Пиоли се спомнуваат Рафаеле Паладино, а се спомнува и поранешниот капитен на Рома, Даниеле Де Роси.
Треба да се нагласи дека Фиорентина сè уште нема ниту една победа во сезоната.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



