SportM
Фудбал

ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

E R7 мај 2025
ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

Фото: tv21m

Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2.

Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1.

-Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон ФК Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!“,споделија од Кожуф.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.