Флик најавил заминување од Барселона!
E R5 ное 2025

Фото: tv21m
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, има намера да го напушти клубот на крајот од сезоната 2025/26, објави шпанскиот портал „ABC“ (abc.es).
Шеесетгодишниот Германец го информирал својот тренерски штаб дека сака да си замине поради замор, ставот на некои играчи и недостаток на поддршка од раководството.
Флик е во Барселона од летото 2024 година. Под негово водство, „блауграна“ одигра 74 натпревари: 54 победи, осум нерешени и 12 порази.
Оваа сезона, Барселона има 25 бода и е втора во Ла Лига. Во Лигата на шампионите, тимот е 11. со шест бода од три натпревари.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



