Флик незадоволен од судењето: ВАР многу беше фокусиран на Атлетико
Редакција9 апр 2026

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е незадоволен од делењето на правдата на натпреварот против Атлетико (0:2) синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
-Требаше да се браниме многу подобро во епизодата со првиот гол. Добиваме црвен картон, а веднаш потоа, Атлетико го постигнува првиот гол… ВАР системот денес беше многу фокусиран на Атлетико. Тие имаат германски специјалист, па секоја чест за Германија, рече Флик по натпреварот.
Реванш натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико во Лигата на шампионите ќе се одржи во Мадрид на 14 април.
Претходно, Атлетико ја елиминира Барселона и во шпанскиот фудбалски куп.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



