Флик: Победивме 5-0, но можеме да бидеме уште подобри

Барселона имаше добар старт во Ла Лига, победувајќи го Елче со 5-0 на гости. Тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, коментирајќи го натпреварот, остана задоволен од играта на својот тим.
“Требаше да ја контролираме топката малку повеќе и тоа е она што го сакам од тимот. Успеавме да ја одржиме мрежата непроменета и постигнавме пет погодоци. Ми се допаѓа многу начинот на кој игра фудбал Елче“, рече Флик.
Понатаму, германскиот тренер на Барселона коментираше: “Видов многу квалитет на тренинзите. Најважното е да се подобруваш за време на тренинг сесиите и ако го имаш овој квалитет, можеш да го демонстрираш и на натпреварите.”
“Ние играме како тим, напаѓајќи и бранејќи заедно. Можеме да бидеме подобри, но има многу работи кои што ги направивме навистина добро. Оваа победа ни дава вера за иднината, бидејќи знаеме дека сезоната е долга”, рече Флик.
Коментирајќи го трансфер пазарот, Флик рече: “Ќе разговарам со Деко и ќе видиме што можеме да направиме. Ќе гледаме оваа недела што можеме да направиме. Среќни сме што постигнавме пет гола. Ни дава верба за следните натпревари.”



