SportM
Фудбал

Флик во тешка ситуација пред ПСЖ, Родри ќе игра на невообичаена позиција

SPORTM.mk20 окт 2026
Флик во тешка ситуација пред ПСЖ, Родри ќе игра на невообичаена позиција

По 11 победи по ред оваа сезона, Барселона вечерва ќе ги одмери силите со ПСЖ во Лигата на шампионите. Средба која ветува голови и спектакл, Каталонците се наоѓаат во деликатна ситуација поради отсутства во одбраната. Ерик Гарсија, Жил Кунде и Андреас Кристенсен ќе отсуствуваат против ПСЖ, поради повреди.

Според Спорт, отсуството на овие тројца играчи во одбраната го става Ханси Флик во тешка позиција, принудувајќи го да најде решение за пополнување на одбранбената линија.

Најверојатното решение, кое го употреби и во последните минути против Реал Бетис, е преместувањето на Родри во центарот на одбраната.

Неговото преместување во одбрана би задоволило итна потреба, но истовремено би го оддалечило од зоната каде што тој го дава својот најважен придонес – средината на теренот.

Одлуката во голема мерка зависи од Жерар Мартин, кој ја заврши средбата против Реал Бетис со оток на петата, но сепак патуваше со останатите членови на тимот кон Париз.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.