SportM
Други

Флорида Пантерс, прв пат во историјата го освоија Стенли Купот

Редакција25 јун 2024
Флорида Пантерс, прв пат во историјата го освоија Стенли Купот

Пантерс не дозволија да станат вториот тим во историјата кој загубил водство од 3-0 во финалната серија. На домашен терен, мајсторката против Едмонтон Ојлерс ја добија со 2:1.

Пантерс го отворија резултатот во третата минута, стрелец беше Картер Верхеге. Овој играч му асистираше на Сем Рајнхарт, кој го постигна голот за победа, откако Охлерс изедначија преку Матијас Јанмарк.

Иако Едмонтон загуби, МВП на финалната серија е Конор Мек Дејвид. Тој е шестиот МВП во историјата на НХЛ кој не доаѓа од редовите на шампионите, а прв од 2003 година.

https://x.com/FlaPanthers/status/1805475635327865042

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.