SportM
Фудбал

Франција навистина е силна на ова Светско првенство (ВИДЕО)

Редакција10 јул 2026
Франција навистина е силна на ова Светско првенство (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија.

Франција беше подобар противник на натпреварот, а првата голема шанса ја пропушти Килијан Мбапе во 28.минута кога неговиот удар од белата точка голманот на Мароко Боно го одбрани. Сепак, Мбапе се запиша во листата на стрелците во 60.минута за водство од 1:0. Конечните 2:0 ги постави Усама Дембеле во 66.минута.

Со голот против Мароко, Мбапе со осум голови се изедначи на листата на стрелците со Лионел Меси, додека Дембеле има постигнато вкупно пет голови.

Вечерва од 21 часот во Лос Анџелес играат Шпанија и Белгија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.