SportM
Фудбал

Франција останува главен фаворит за мундијалскиот трон, португалскиот систем потфрла, смета Срѓан Захариевски

Редакција29 јун 2026
Франција останува главен фаворит за мундијалскиот трон, португалскиот систем потфрла, смета Срѓан Захариевски

Во најновото издание на „Мундокаст“, поранешниот репрезентативец и актуелен тренер Срѓан Захариевски направи детална анализа на групната фаза од Светското првенство. Според него, Франција демонстрира најмодерен фудбал и останува главен претендент за титулата.

„Франција игра модерен, ‘атомски’ фудбал. Имаат огромна ротација и страшен квалитет во нападот – ако не игра Мбапе, тука е Дембеле или некој друг. Од друга страна, Португалија ме разочарува. Нивната игра наликува на онаа од пред десетина години, со петмина кои напаѓаат и не се враќаат во одбрана. Тоа е систем кој тешко поминува на модерните турнири каде доминацијата во средината на теренот е клучна“, истакна Захариевски.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.