SportM
Фудбал

Фрлена бомба во куќата во Израел на екс фудбалерот на Ливерпул

E R8 апр 2025
Фрлена бомба во куќата во Израел на екс фудбалерот на Ливерпул

Фото: tv21m

Во неделата вечерта била фрлена бомба во куќата на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Јоси Бенајун, јавуваат израелските медиуми. Бенајун, кој сега има 44 години, бил во својот дом со семејството во Рамат Хашарон, северно од Тел Авив, кога бил погоден од фатална експлозија.

Инцидентот се случил во неделата околу 23 часот кога напаѓач со мотор застанал пред неговиот дом и фрлил експлозивна направа на вратата, по што побегнал од местото. Бенајун ја слушнал експлозијата и бил видно потресен, но претпоставил дека се работи за експлозија на плинска боца. Во експлозијата нема повредени, но бомбата предизвикала пожар кој брзо бил изгаснат од противпожарните екипи. Во пожарот е причинета материјална штета. Полицијата ја истражува експлозијата, за која се верува дека е криминален напад, а не тероризам.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.