Фудбал
Фудбалскиот клуб му се заблагодари, а српскиот фудбалер со навредлив и експлицитен коментар, му се приклучија и фанови (ФОТО)
Поранешниот играч на Партизан, Немања Николиќ (33), со навредлива порака во коментарите („Попушете ми го к…от“) одговори на објавата на тајландскиот клуб Бурирам Јунајтед, во која му се заблагодарија за неговиот претходен ангажман.
Во прошталната објава на социјалните мрежи тие додадоа зборови на благодарност за посветеноста и професионализмот, како и желби за успех во понатамошната кариера, со слоганот „Еднаш Сини, секогаш Сини“.
Николиќ минатото лето премина во Бурирам, но не дебитираше ниту одигра минута поради ограничувањата за странски играчи во лигата, па реши со жестока пцовка да одговори во коментар на Инстаграм.
Бурирам по извесно време го избриша коментарот кој собра речиси 3.000 лајкови, но навивачите и понатаму продолжија да го навредуваат тајландскиот клуб.