SportM
Фудбал

Фулам одби да шутира пенали, фудбалерите на Малага погодија празен гол и славеа како „луди“ (ВИДЕО)

Редакција13 авг 2026
Фулам одби да шутира пенали, фудбалерите на Малага погодија празен гол и славеа како „луди“ (ВИДЕО)

Бизарна ситуација се случи во средата навечер на традиционалниот турнир „Коста дел Сол“ во Шпанија. Фулам одби да изведува пенали на пријателскиот натпревар против Малага бидејќи брзале на авион за Лондон и тврделе дека пеналите воопшто не биле договорени.

СУДИР ОКОЛУ ПРАВИЛАТА: Натпреварот заврши 2:2, откако Малага израмни во 90. минута од пенал. Домаќините очекувале продолженија и пенал-серија за трофејот, додека Фулам тврдел дека според договорот, во случај на нерешен резултат натпреварот веднаш завршува.

ЦРВЕН КАРТОН И ЗАМИНУВАЊЕ: Новиот тренер на Фулам, Алваро Арбелоа, бурно протестирал кај судијата поради доцниот пенал, по што добил црвен картон. Веднаш потоа ја повлекол екипата од теренот во соблекувалната.

СТРАВ ОД ПРОПУШТАЊЕ НА ЛЕТОТ: Англискиот клуб официјално соопштил дека задржувањето поради пеналите би довело до тоа да задоцнат на директниот лет назад за Англија.

СКАНДАЛОЗЕН КРАЈ: Додека фудбалерите на Фулам веќе биле во тунелот, фудбалерот на Малага, Енеко Јауреги, пред 17.000 навивачи ја поставил топката на белата точка и го извел пеналот кон целосно празен гол. По ова, Малага го прославила освојувањето на трофејот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.