SportM
Фудбал

Гаспарт: Претерав со Меси, ги преминав границите, но никој не го сака повеќе од мене

SPORTM.mk16 окт 2026
Гаспарт: Претерав со Меси, ги преминав границите, но никој не го сака повеќе од мене

Поранешниот претседател на Барселона, Хоан Гаспарт, се повлекува од острите изјави дадени пред неколку дена против Лионел Меси, поради затегнатите односи меѓу аргентинската ѕвезда и актуелниот претседател на клубот, Жоан Лапорта:

„Треба да се покаже внимателност. Барселона е поголема од него. Ако Лео Меси дојде да ги поздрави навивачите, но одлучи да се повлече само затоа што претседател е Лапорта, одложувајќи сè додека тој не биде повеќе на функцијата, јас не би учествувал во таа церемонија на почести“, изјави Гаспарт.

Сега, поранешниот каталонски лидер признава дека претргал: „Дали ќе му се извинам на Меси? Никогаш не сум им се извинил на моите деца кога сум ги критикувал за нешто што мислев дека е за нивно добро. Можете да го сакате Меси колку сакате, но никој не го сака повеќе од мене. Му испратив порака, бидејќи навистина многу го сакам. Претргав, ги преминав границите. Доволно е да се каже: Многу го сакаме, но Барселона е пред него.“

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.