SportM
Фудбал

Гасперини го откачи Јувентус, за да седне на клупата на друг италијански великан!

E R31 мај 2025
Гасперини го откачи Јувентус, за да седне на клупата на друг италијански великан!

Нема повеќе сомнежи, Џан Пјеро Гасперини ќе ја тренира Рома и ќе го заземе местото на Клаудио Раниери, објавија италијанските медиуми.  Тренерот ќе ја напушти Аталанта по долг циклус, една година пред  истекување на неговиот договор. Гасперини беше баран во последните неколку часа и од Јувентус, кој го идентификуваше како алтернативен план на Антонио Конте. Обид кој, сепак, не послужи да ги попречи преговорите со Рома.

Рома се согласи на тригодишен договор со Џан Пјеро Гасперини. Што се однесува до бројките, Гасперини треба да заработи околу 5 милиони евра годишно.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.