SportM
Фудбал

Газа нема училишта, затоа што нема деца-Навивачите на Макаби морбидно провоцираа, па добија ќотек, Нетанјаху испратил авиони по нив (ВИДЕО)

E R8 ное 2024
Газа нема училишта, затоа што нема деца-Навивачите на Макаби морбидно провоцираа, па добија ќотек, Нетанјаху испратил авиони по нив (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Тотален хаос владееше синоќа на улиците на Амстердам, каде Ајакс беше домаќин на израелски Макаби од Тел Авив во натпреварот од Европската лига, а нереди беа забележани и на улиците на холандскиот град.

Хаос предизвикаа навивачите на Макаби, кои под полициска придружба се движеа кон стадионот низ улиците на Амстердам, а се започна со пеење и морбидни провокации против Газа.

„Нема повеќе училишта во Газа затоа што нема повеќе деца“, пееја Израелците и ги згрозија сите, а извикуваа и „Нека ИД ги тепа Арапите“.

Покрај тоа, на улиците на Амстердам беа симнати палестински знамиња, а сè брзо ескалира и се претвори во физичка пресметка, бидејќи Израелците беа нападнати од локални навивачи.

Навивачите на Макаби беа претепани, најмалку десет од нив беа повредени, а некои наводно биле удирани со автомобили и фрлени во каналот. Имаше и видео од домаќините како тепаат израелски навивач и велат дека тоа е „за децата од Газа“. Израелецот им понудил пари, а тие рекле дека само треба да кажат „Слободна Палестина“.


Според холандските медиуми, по натпреварот пропалестинските демонстранти во Амстердам организирале „лов“ на израелски навивачи, а насилството на улиците траело долго до ноќта.

На сето ова реагираше израелската влада на чело со Бенјамин Нетанјаху, која одлучи да испрати два авиони во Амстердам за да обезбеди евакуација на навивачите и транспорт назад во Тел Авив. Исто така, навивачите на Макаби не оддадоа ни минута молчење за жртвите од поплавите во шпанската Валенсија, а причината е што Шпанија ја призна Палестина.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.