SportM
Фудбал

Гери Невил изненадува со предвидувањето: Халанд ќе биде играч на Реал Мадрид во рок од 18 месеци

SPORTM.mk27 ное 2026
Гери Невил изненадува со предвидувањето: Халанд ќе биде играч на Реал Мадрид во рок од 18 месеци

Гери Невил, легендата на Манчестер Јунајтед и поранешен тренер на Валенсија, направи изненадувачко предвидување во подкастот „The Overlap“. Тој е убеден дека Ерлинг Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид во рок од 18 месеци, можеби дури и на крајот на оваа сезона.

„Апсолутно сум сигурен дека Халанд ќе биде играч на Реал Мадрид во максимален период од 18 месеци“, изјави Невил.

Поранешниот англиски бек исто така предвидува заминување на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и нов напад на „Кралевите“ со Халанд и Килијан Мбапе.

„Сметам дека Винисиус ќе замине од Реал Мадрид, Мбапе ќе премине на левата страна, додека Халанд ќе биде центарфор на мадридската екипа“, додаде 51-годишникот.

Халанд има договор со Манчестер Сити до 2034 година, а неговиот татко, Алфи, порано призна дека секој фудбалер сака да игра за Реал Мадрид.

Сепак, норвешкиот напаѓач изјави дека е среќен во Манчестер и не е загрижен поради можните казни на клубот за наводни финансиски прекршувања.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.